Шефилд Венздеј прогласи банкрот

24.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефилд Венздеј прогласи банкрот

Еден од најстарите фудбалски клубови во Англија и воопшто во Европа, Шефилд Венздеј и официјално прогласи банкрот. Клубот кој што во моментов е дел од Чемпионшип дивизијата, но е на последното место со само пет бодови од единаесет одиграни мечеви.

Згора на тоа, клубот и официјално според сите извештаји, нема исплатено плата во пет од последните шест месеци, по што и официјално, сопственикот,  Дејфон Чансири се реши да го стави во стечај клубот.

Автоматското одземање на 12 бода од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) значи дека Венздеј ќе има минус шест бода по 11 натпревари и речиси сигурно ќе доведе до испаѓање на тимот во Лига Еден.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата