Вчера Ц. Звезда и тоа како се избламира на гости кај Брага во меч од 3.коло во Лигата на Европа. И не само поради поразот, туку поради начинот на кој „црвено – белите“ одиграа.
Четата на стратегот Владан Милојевиќ просто ја шокира јавноста во Србија, а посебно фановите на тимот кој беше проектиран да игра во Лигата на Шампионите, ама сега мора да игра во Лигата на Европа а и таму губи од кого стигне.
Оваа Ц. Звезда е катастрофа есенва во Европа.
И затоа првиот човек на клубот, барем според медиумите во Србија, Ѕвездан Терзиќ одлучил парично да ги казни играчите и тоа со по 10.000 евра.
Медиумите во Србија пренесуваат дека ова е преседан, дека одамна раководството на Ц. Звезда не се одлучила на ваков потег.

