Семејна трагедија во Мадрид: Почина мајката на Коке, мечот со Манчестер Ј. почнува со минута молк

13.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Семејна трагедија во Мадрид: Почина мајката на Коке, мечот со Манчестер Ј. почнува со минута молк

Тажна вест го потресе Атлетико Мадрид само неколку часа пред дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

Капитенот на шпанскиот тим, Коке, се соочи со голема семејна загуба по смртта на неговата мајка, Ана Меродио Борха, која починала во Мадрид. Поради трагедијата, искусниот играч за врска нема да настапи на натпреварот против англискиот гигант.

Атлетико официјално ја потврди веста и упати сочувство до својот капитен, неговото семејство и блиските. На барање на мадридскиот клуб, УЕФА одобри пред почетокот на натпреварот да биде одржана едноминутна молк во спомен на починатата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата