ЛШ: Сабах испиша нова клупска историја, Спортинг триумфално во Франција

13.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Сабах испиша нова клупска историја, Спортинг триумфално во Франција

Лигата на шампионите продолжи со натпреварите од второто коло, каде вечерва азербејџанскиот Сабах во својата прва сезона во најелитното европско клупско натпреварување ја оствари историската прва победа.

Сабах до клупска историја стигна совладувајќи ја Славија Прага со 2:0 и обезбедувајќи ја првата победа во Лигата на шампионите. Кајхим Парис го отвори резултатот во 49. минута, откако претходно негов гол во првото полувреме беше поништен поради офсајд. Конечните 2:0 ги постави Џој Микелс во 88. минута, искористувајќи голема грешка на гостинската одбрана.

Успешна вечер имаше и Спортинг Лисабон, кој на гостувањето во Франција го победи Ленс со 2:0. Луис Суарез донесе водство за португалскиот тим во 22. минута, а Иса Думбија во 74. минута ја потврди победата.

За Спортинг ова беше втор триумф во исто толку натпревари од лигашката фаза.

Резултати:
Сабах – Славија Прага 2:0 (Парис 49’, Микелс 88’)
Ленс – Спортинг Лисабон 0:2 (Суарез 22’, Думбија 74’)


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата