Сега е и официјално, Баерн Минхен е шампион на Германија

19.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сега е и официјално, Баерн Минхен е шампион на Германија

На суверен и само нему својствен начин, тимот на Баерн Минхен освои уште една титула во Бундес лигата.

Неприкосновениот владетел на германскиот фудбал, и сезонава како многупати претходно издоминира во домашниот шампионат и постави уште еден пехар во неговите вистрини.
Овојпат, на Баерн за тоа му беа потребни 30. кола, а клучната победа денеска е извојувана на домашен терен против тимот на Штутгарт со конечно 4:2.

Баерн на овој начин освои 79. поени сезонава, секако недостижни за во моментов второпласираниот тим на Борусија Дортмунд.

Интересно денеска, „Швабите“ поведоа со голот на Фурих, но потоа Баерн направи комплетен пресврт и погоди преку Гереро, Џексон, Дејвис и Кејн. Конечниот резултат го постави Андрес.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата