Розениор замина, Челзи обезбеди финале во ФА Купот

26.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Розениор замина, Челзи обезбеди финале во ФА Купот

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на ФА Купот откако денес на „Вембли“ го победија тимот на Лидс со 1:0. Стрелец на единствениот гол за Челзи беше капитенот Енцо Фернандез во 23-тата минута.

Треба да се напомене дека Челзи победи веднаш по заминувањето на Лиам Розениор, откако израмни пет порази во Премиер лигата без постигнат гол, а по патот доживеа и болна елиминација во Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен.

Челзи така ќе игра во големото финале против Манчестер Сити на 16 мај, исто така на Вембли.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата