Реал со последна понуда до Вини, ама на Бразилецот и тоа му е малку!

5.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал со последна понуда до Вини, ама на Бразилецот и тоа му е малку!
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Продолжува сагата – Винисиус. Денеска двете страни имале состанок по кој требаше да се знае нешто конкретно, ама сеуште нема договор.

Според информациите што ги објавија шпанските медиуми, Реал му понудил на Бразилецот 22 милиони евра нето годишна фиксна плата, а таа сума би можела да порасне до 24 милиони евра по сезона преку бонуси.
Бонусите би биле поврзани со најголемите индивидуални и клупски успеси, како што се освојувањето на Лигата на шампионите, Златната топка и други достигнувања.
Наводно, Винисиус сè уште инсистира на 28 милиони евра, а Реал не се согласува со тоа и одбива да го изедначи со Килијан Мбапе. Винисиус претходно заработувал околу 18 милиони евра по сезона според постојниот договор. Клубот прво ја зголемил понудата на 20 милиони евра, а потоа повторно ја зголемил на 22 милиони евра годишно во предложеното продолжување до 2031 година.
Винисиус е еден од најважните играчи на Реал Мадрид со години, а клубот од Сантијаго Бернабеу сака да се осигура дека Бразилецот ќе продолжи да биде лицето на тимот во наредните години.
Сепак, ситуацијата не е едноставна. Арсенал е на добар пат да го однесе Бразилецот во Премиер лигата. Се наведува дека клубот од Северен Лондон е подготвен да му даде на Вини сè што сака, и во секој случај да ја надмине понудата на Реал.
Мадриѓаните велат дека „никој не е поголем од клубот“, а наводно ја испратиле последната понуда и сега чекаат одговор од Вини.
Во меѓувреме, во Арсенал, веста за доаѓањето на Винисиус наводно се шири широко во соблекувалната и речиси сите веруваат дека тој наскоро ќе биде во црвено-белиот дрес.
Понудата на Арсенал за Реал сега е позната. Имено, се наведува дека ќе понудат 100 милиони евра со 20 милиони преку бонуси, што не е толку лошо бидејќи зборуваме за играч кој влезе во последната година од договорот. Винисиус е без сомнение еден од играчите кои ја одбележаа новата ера на Реал Мадрид. Бразилецот пристигна на Сантијаго Бернабеу како голем талент, а со текот на годините израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата