Раја по третпат ја освои „Златната ракавица“ во Премиерлигата

11.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Раја по третпат ја освои „Златната ракавица“ во Премиерлигата
фото: Premier League (X)

Давид Раја е прогласен за најдобар голман во Премиер лигата за оваа сезона.

Голманот на Арсенал денес го имаше својот 18-ти меч без примен гол во тековната сезона од англиската Премиер лига, во победата на „топчиите“ над Вест Хем со 1-0 во 36-тото коло.

По ова, неговиот најблизок ривал, Џанлуиџи Донарума од Манчестер Сити, ја изгуби шансата да ја подели наградата со Раја. Италијанецот има 13 натпревари без примен гол, додека „граѓаните“ имаат уште три натпревари до крајот.

Раја ќе ја освои „Златната ракавица“ во Премиер лигата трета сезона по ред – подвиг претходно постигнат само од Хозе Реина, Џо Харт и Едерсон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата