Приказната продолжува: Хари Кејн потпиша најголем договор во историјата на Баерн!

5.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приказната продолжува: Хари Кејн потпиша најголем договор во историјата на Баерн!
Фото: Баерн Минехн Х

Хари Кејн потпиша нов договор со Баерн Минхен. Германскиот клуб официјално ја потврди информацијата, а англискиот голгетер ќе остане во Минхен до летото 2029 година.

Според информациите кои доаѓаат од Германија и Англија, Кејн добил најголем договор во историјата на клубот. Точната сума не е објавена, но се наведува дека станува збор за огромна заработка.

Во моментов Кејн заработува 25 милиони евра годишно. Со новиот договор таа сума значително ќе биде зголемена, а според проценките, неговата годишна плата би можела да надмине и 30 милиони евра.

Се наведува дека Кејн сега е најплатениот фудбалер во Европа. Досега на врвот на листата беше Ерлинг Халанд, кому Манчестер Сити му исплаќа 32,27 милиони евра годишно.

Зад него се Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, чии годишни примања во Реал Мадрид изнесуваат 31,25 милиони евра.

Така, Кејн од четвртото место се искачи на врвот на листата. Останува да се дознае колкава точно е сумата што Баерн ќе му ја исплаќа.

33-годишната ѕвезда пристигна во Минхен во летото 2023 година од Тотенхем, за трансфер вреден 95 милиони евра.

Неговото ангажирање се покажа како вистински потег. Англичанецот веднаш почна да руши рекорди, а на 161 натпревар постигна 156 гола и забележа 41 асистенција.

Круна на неговата кариера пристигна пред неколку дена, кога беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата