Рекорд: Милан потпиша историски договор вреден 500 милиони евра

5.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекорд: Милан потпиша историски договор вреден 500 милиони евра

Италијанскиот гигант Милан постигна рекорден договор за техничко партнерство со германскиот концерн „Адидас“, пренесува „Газета дело Спорт“. Договорот е со важност од десет години и ќе стапи во сила во 2028 година, а на „росонерите“ ќе им носи импресивни 50 милиони евра по сезона.

Промената на производителот на спортската опрема ќе се случи од сезоната 2028/29, кога „Адидас“ ќе го заземе местото на „Пума“. Договорот, кој ќе ги поврзува двете страни до 2038 година, му гарантира вкупен приход од половина милијарда евра на миланскиот гигант.

Новите финансиски параметри претставуваат значителен скок за клубот. За споредба, првиот договор со „Пума“, потпишан пред една деценија, му носеше на Милан по 14 милиони евра годишно, пред надоместокот во 2022 година да биде зголемен на 30 милиони евра по сезона.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, договорот на Милан ќе биде најпрофитабилниот договор за спортска опрема во историјата на Серија А. Минатата година Јувентус потпиша десетгодишен договор со „Адидас“ во вкупна вредност од 408 милиони евра, додека осумгодишниот договор на Интер со „Најк“, склучен во 2023 година, е проценет на 30 милиони евра по сезона.

Така, по помалку од две години, Милан и „Адидас“ повторно ќе ги здружат силите. Германскиот бренд ги произведуваше дресовите на „росонерите“ во почетокот на 90-тите години од минатиот век, како и во златната ера под водство на Карло Анчелоти во почетокот на 2000-тите години.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата