Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на оваа тема на крајот од предсезонската турнеја на тимот од Минхен во Азија.
„Интернационализацијата не е нешто што еден клуб може да го постигне сам. Тоа е задача на која сите ние како Бундеслига мора да работиме заедно, а самата лига мора да игра многу поактивна улога.
Не можеме да очекуваме Баерн сам да го носи овој товар. Ни треба многу посериозна поддршка од целата Бундеслига – не само од еден или два клуба, туку од целата лига“, рече Хајнер.
Покрај Баерн, РБ Лајпциг исто така отиде на странски турнеи по сезоната во Јужна Африка, а Борусија Дортмунд во Јапонија.

