Така тоа го прават во најсилната лга во светот. Клубовите од Премиерлигата едногласно одлучија дополнително да ги замрзнат цените на билетите за гостинските навивачи. Одлуката важи за следните две сезони. Па така, гостинските навивачи ќе продолжат да плаќаат максимум 30 фунти за билети. Оваа одлука е на сила во Премиер лигата десет последователни сезони.
Одлуката за одредување на максималната цена на билетите за гостинските навивачи во Премиер лигата на 30 фунти беше донесена уште во 2016 година. Одлуката се покажа како исклучително добра бидејќи ја зголеми пополнетоста на стадионот од 82 насто од капацитетот на 91 насто.
Клубовите, исто така, ветија дека ќе сносат дел од трошоците за нивните навивачи кои патуваат на гостинските натпревари.
„Гостинските навивачи помагаат да се создаде фантастична атмосфера на натпреварите по кои е позната Премиер лигата“, се вели, меѓу другото, во соопштението за медиумите на Лигата.
sportmedia.mk

