Официјално: Винисиус во Реал Мадрид до 2032! (ФОТО)

6.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Винисиус во Реал Мадрид до 2032! (ФОТО)
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Готово е. Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со една од своите најголеми ѕвезди – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на долгорочна основа, со својот нов договор до 30 јуни 2032 година, објавија шпанските гиганти. Винисиус Жуниор пристигна во Реал Мадрид во јули 2018 година, кога имаше само 18 години. Оттогаш, тој стана неопходен дел од тимот и еден од лидерите на тимот. Со овој нов договор, клубот ги обезбедува услугите на еден од своите најважни играчи за годините што доаѓаат, ставајќи крај на сите шпекулации за неговата иднина, се вели во соопштението од клубот. Во своите осум сезони со белиот дрес, Бразилецот одигра 375 натпревари, постигнувајќи 128 голови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата