Јувентус го објави трансферот на Рандал Коло-Муани од ПСЖ.
Клубот објави дека трансферната сума изнесува 38 милиони евра, распределена во рати во текот на четири години, со дополнителни 3,2 милиони евра што треба да им се платат на агентите.
Покрај тоа, договорот предвидува бонуси во вкупен износ до 12 милиони евра по постигнување на одредени цели.
27-годишниот француски напаѓач потпиша договор со клубот од Торино до 2031 година.

