Најавите се остварија. Кенан Јилдиз нема да оди никаде од Торино! Турскиот напаѓач е сегашноста и иднината на Јувентус.
И официјално Кенан Јилдиз потпиша договор за лојалност со Јувентус до летото 2030 година! Она што го објавија разни фудбалски „инсајдери“ преку интернет во текот на денот, го потврди и самиот клуб. Турчинот станува оската околу која “црно-белите“ сакаат да изградат тим што ќе ја врати шампионската титула во Торино. Според неофицијални информации, Јилдиз ќе заработува 6.000.000 евра годишно според новиот договор. Тоа е двојно повеќе отколку што Турчинот досега добивал од црно-белите.
„Кенан Јилдиз останува, со нов договор кој важи до јуни 2030 година. Со овој потег, сакаме да го вратиме Јувентус таму каде што му е местото. Нов договор за Кенан е важен чекор за нашата иднина, но не и единствениот“, изјави генералниот менаџер на црно-белите, Дамиен Комоли.
Кенан Јилдиз дојде во Јувентус во 2022 година од школата на Баерн Минхен.

