Барса со нова магија и со нова победа!

7.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса со нова магија и со нова победа!
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Барселона – Мајорка 3:0 е исходот од 23.коло во Ла Лига. Може да се каже рутинска победа на големиот фаворит. Четата на Ханси Флик одигра уште една магична средба во која ги искажа сите свои квалитети.

Сепак треба да се каже дека на 0:0, гостите преку Ведат Муричи имаа голема шанса, но не успеаја да ја затресат домашната мрежа.

Резултатот беше откриен во 29.минута со голот на Левандовски, по асистенцијата на Олмо. Во 61.минута Ламине Јамал “стрела, но Дани Олмо одново беше во улогата на асистент. Во тој момент беше скршен секаков отпор на гостите. Конечните 3:0 ги постави Бернал во 83.минута.

Со овие три бода Барса сега има 58 и повторно има +4 во однос на вториот Реал Мадрид, но “кралевите“ имаат меч помалку, допрва треба да го одиграат својот натпревар и тоа против Валенсија утре од 21 часот од ова 23.коло.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата