Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ во живо ќе го следи бараж дуелот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, помеѓу Босна и Италија кој што ќе се одигра во Зеница во вторник со почеток од 20:45 часот.
Оваа информација ја потврдија од нетовиот табор, а ја пренесоа српските медиуми, а босанските ја преземаа со воодушевување.
Новак преку социјалните мрежи ја честиташе победата во полуфиналето на босанците со наслов, „Браво Едине браво Босна“.
Јасно е дека најдобриот тенисер не сака да пропушти еден ваков спектакл, а за кого ќе навива тука нема дилеми. Ќе навива за таа репрезентација за која утре вечер ќе навива и речиси цел Балкан.

