Нов удар за Шпанија: Фермин Лопез мора на операција и ќе го пропушти Мундијалот!

18.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов удар за Шпанија: Фермин Лопез мора на операција и ќе го пропушти Мундијалот!
фото: FC Barcelona (X)

Нов удар за Шпанија. Имено играчот за врска на Барселона, Фермин Лопез, заработи сериозна повреда на стапалото поради која ќе го пропушти Светското првенство.
Поради повреда, Фермин го напушти теренот на натпреварот против Бетис синоќа, а по денешните прегледи беше утврдена фрактура на метатарзалната коска.
Тој ќе мора да се подложи на операција, по што ќе следи пауза од неколку недели, и се очекува да биде подготвен за почетокот на летните подготовки со Барселона.
Ова е секако голем удар за Шпанија, особено откако Ламин Јамал ​​и Нико Вилијамс се повредија на крајот од сезоната, а големото прашање е во каква форма ќе го дочекаат Светското првенство.
На тоа треба да се додаде и повредата на Микел Мерино, кој е во аут од почетокот на 2026 година, па Луис Де Ла Фуенте ќе има главоболки околу составот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата