Барселона официјално се жалеше на судењето на Романецот Иштван Ковач во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико (0:2). Познато е дека таа жалба беше одбиена. Каталонците се незадоволни од делењето на правдата и во реваншот, кој го добија синоќа во Мадрид со резултат 2:1, но беа елиминирани од понатамошното натпреварување.
Гневот околу судењето го предводеше повредениот бразилски крилен играч Рафиња, кој многу ѝ недостигаше на Барса во овој двомеч, а синоќа по дуелот се расправаше со навивачите на домашниот тим, им гестикулираше дека ќе биде елиминиран во полуфиналето, а потоа даде изјава за која може да биде казнет.
„Ова е кражба, овој натпревар е украден. Одлуките на судиите се проблематични во двата натпревари. Противничките играчи направија не знам колку прекршоци, а судијата дури и не им покажа жолт картон“, изјави Рафиња за „DAZN“.
„Би сакал да го разберам стравот што го имаат од победата на Барселона“, додаде Рафиња.
Синоќешниот натпревар го судеше Французинот Клемон Турпин.
По се ова се најавува дека УЕФА жестоко ќе го казни офанзивецот на Барселиона, тука нема дилеми.

