Непознати лица со дрон истуриле киселина и го оштетиле теренот на стадионот на Вележ

7.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Непознати лица со дрон истуриле киселина и го оштетиле теренот на стадионот на Вележ

Непознати лица во неделата вечерта на стадионот на Вележ истуриле некаква киселина со која значително го оштетиле теренот, јавија денеска босанските медиуми. Според информациите, непознатите лица употребиле дрон од кој испуштиле киселина и направиле штета на теренот на стадионот „Роѓени“.

Според претседателот на ФК Вележ, Сенад Кевеља, тимот од Мостар нема да може да игра на својот стадион најмалку 15 дена.

„Нема да го користиме теренот во следните 15 дена, тоа е сигурно. Луѓето од ФСБИХ кои се одговорни за одржувањето на теренот треба да дојдат денес или евентуално утре и да дадат своја проценка за состојбата на теренот. Ние нема да го користиме“, рекол претседателот на Вележ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата