Владимир Вулетиќ екс потпретседателот на ФК Партизан, и доста позната личност во јавниот живот, во Белград односно Србија е пронајден мртов во неговиот стан.
Откако неколку дена не се јавувал на телефон, и не можел никој да стапи во контакт со него, неколку познаници, кои што патем имале и клуч од неговиот стан влегле во него и го пронашле безживотното тело на Вулетиќ во сауната.
Вулетиќ кој што инаку е редовен професор на правниот факултет во Белград, и неговата смрт предизвика голема бура во јавноста кај нашиот северен сосед.
Особено на начинот на кој што е пронајден вчера попладне, за некои дава сигнали дека не се работи за природна смрт. Или пак се само шпекулации…

