Не знае да поднесе пораз: Роналдо не се појави на доделувањето медали (ВИДЕО)

17.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не знае да поднесе пораз: Роналдо не се појави на доделувањето медали (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо ги изненади навивачите со тоа што не се појави на церемонијата на доделување на медалите откако загуби во финалето од Азиската Лига на шампиони 2.

Тој синоќа го претрпе четвртиот последователен пораз во дресот на Ал-Наср во четирите финалиња во кои играше. Станува збор за понискиот ранг на Лигата на шампионите во Азија, а победник е Гамба Осака, која славеше со резултат од 1-0 во Ријад.

По натпреварот, Роналдо беше снимен како додека сите играчи заминаа на доделувањето на медалите, Португалецот се упати кон соблекувалната.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата