Најавите се потврдија: Дешамп го повика и Мбапе за контролите со Колумбија и Бразил!(ФОТО)

19.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најавите се потврдија: Дешамп го повика и Мбапе за контролите со Колумбија и Бразил!(ФОТО)
ФОТО: Équipe de France de Football/FB

Сега веќе и официјално, Килијан Мбаме е повикан од страна на селекторот на Фанција, Дидие Дешмап. Не беше изненадување што повредениот Мбапе доби повик од Дешамп, тоа и се најавуваше. Ѕвездата на Реал Мадрид ќе ја предводи француската репрезентација на претстојните два пријателски натпревари против Бразил и Колумбија. Натпреварите ќе се одржат на 26 и 29 март во САД.

Ова е последниот меѓународен прозорец пред претстојното Светско првенство. Како што претходно објавија разни публикации во Франција, присуството на напаѓачот во списокот на „петлите“ беше сосема очекувано, откако тој веќе имаше запишано минути на теренот минатиот вторник на „Етихад“. По еден месец отсуство поради повреда, Мбапе се врати на зелениот тепих во вторник кога Манчестер Сити го посети „Етихад“ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој се појави во играта во 70-тата минута, заменувајќи го Брахим Дијаз. Во неколку клучни ситуации, Французинот покажа дека болката во коленото се намалила, оставајќи одлични впечатоци со своите настапи.
Се очекува да започне во дербито во недела против Атлетико Мадрид, натпревар од големо значење за „кралскиот клуб“.
Дури и да не се опоравеше целосно, Мбапе најверојатно ќе патуваше со тимот од договорни причини. Франција има сериозни обврски кон спортскиот гигант „Најк“ во Соединетите Држави. Моментално се водат преговори за нов договор за спонзорство со американската мултинационална компанија, што значи дека присуството на играчот на Реал Мадрид на американската турнеја не беше априори доведено во прашање.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата