Мурињо му испратил фотографија на Кукуреља, вакво нешто не очекувал ниту во сон!

10.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо му испратил фотографија на Кукуреља, вакво нешто не очекувал ниту во сон!
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Жозе Мурињо е познат по тоа што се труди да изгради што подобар однос со фудбалерите во својот тим, но она што му го направил на Марк Кукуреља го изненадило левиот бек на мадридскиот Реал.

Жозе Мурињо летово се врати на клупата на Реал Мадрид по 13 години, со цел да се обиде да го врати клубот на врвот по две очајни сезони.

Португалецот направи одредени промени во тимот на кралскиот клуб и засега му оди одлично, бидејќи Реал изгледа незапирливо.

Сепак, Мурињо овојпат одлучил да има поинаков пристап кон екипата. Не сака премногу да го наметнува својот авторитет, туку целта му е да изгради што подобар однос со фудбалерите на Реал.

Најдобар доказ за тоа е изјавата на Марк Кукуреља за шпанскиот медиум „Копе“, во која откри што доживеал од португалскиот стратег.

Кукуреља летово пристигна во Реал Мадрид од Челси и стана прв избор на позицијата лев бек. Не крие дека има одличен однос со тренерот на „кралевите“.

„Не очекував дека Мурињо ќе има таков пристап кон фудбалерите. Тој е првиот тренер со кого сум опуштен во повеќето ситуации“, изјави Кукуреља.

Но, она што и самиот го изненадило е фотографијата што неодамна му ја испратил Мурињо. Причината е тетоважата на Кукуреља со ликот на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, која ја направил по освојувањето на Светското првенство.

„Се изненадив кога го зедов телефонот и видов што ми испратил. Тоа беше фотомонтажа. На фотографијата бев јас без дрес, а на градите имав истетовиран негов лик. Не можам да ви опишам колку ме насмеа тоа“, откри шпанскиот репрезентативец.

Левиот бек на Реал Мадрид се осврна и на промените во екипата по доаѓањето на Мурињо.

„И јас пристигнав дури летово, но видов и веднаш ми кажаа што направил Мурињо. Тој најмногу се плашел дека сите ќе бидат премногу индивидуални и дека секој ќе се бори за себе, а дури потоа за тимот. Благодарение на Жозе, станавме многу подобра екипа. Изгледаме како вистински тим и во соблекувалната на Реал повторно се врати заедништвото“, истакна Кукуреља.

Кукуреља летово пристигна во Реал Мадрид од Челси за трансфер вреден 55 милиони евра и веќе се покажа како одлично засилување.

Во досегашниот дел од сезоната забележа 16 настапи за Реал и има една асистенција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата