Откако одработи фантастична победа во Европа против тимот на Сандерленд на гостински терен, а потоа и во ХНЛ шампионатот изминатиов викенд освои три гостински бода, Јерко Леко дефинитивно заработи перманетнен дил со Динамо Загреб како негов тренер.
Се до попладнево, тој се водеше како привремена замена, но откако менаџментот на тимот увиде дека тој има капацитет да го води Динамо и да победува како во Европа, така и дома, истиот реши да му додели перманентен договор на Леко.
„Веруваме дека, преку својата работа, енергија и посветеност, Јерко ќе продолжи да го води тимот кон остварување на нашите спортски цели. На Јерко му посакуваме многу среќа и успех во работата, како и многу победи на чело на Динамо! Со среќа, тренеру!“ – изјавија од загрепскиот клуб.

