Можно ли е?…. Антонио Конте блиску до клупата на Манчестер Јунајтед

12.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Можно ли е?…. Антонио Конте блиску до клупата на Манчестер Јунајтед
Фото: Наполи Х

Иако се сметаше дека Мајкл Карик може да биде следниот голем менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, очигледно дека од тоа нема да има ништо. Легендата на клубот минатата сезона покажа знаци на квалитет, и капацитет да води така сериозен тим, но годинава потешко му оди.

Јунајтед повторно се мачи на резултатски план, иако сезоната е штотуку почната. Ремито со Тотенхем во сабоатата дополнително ги зголеми и онака многуте проблеми на Олд Трафорд.

Благодарение на тоа, денеска англиските но и италијанските медиуми на големо пишуваат дека Карик на Олд Трафорд е завршена приказна. Со нагласок дека има големи шанси негов наследник на биде легендарниот Антонио Конте.

Менаџментот на Јунајтед на Карик му даде огромна доверба, и пари за засилувања, но истата рапидно и брзо се топи. Притисокот сега е уште поголем, особено ако се знае дека дел од написите велат дека преговорите со Конте ајде што се веќе почнати дека истите се доста продуктивни и наскоро ќе имаат резултат.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата