Фудбалскиот бог, Лионел Меси е на залезот на својата кариера. Веќе се збогува со дресот на Аргентина, секако дел е од тимот на Интер Мајами, најдобар стрелец е во МЛС лигата, но прашање е уште колку ќе го гледаме на зелениот терен.
Освој се што можеше да се освои во фудбалскиот свет. Но за едно аргентинецот жали во животот и едноставно не може да си прости. Самиот вели дека тоа му направило огромни проблеми.
Неговото гостување на еден подкаст, наречен Miro de atras, тој сподели нешто што ама апсолутно никој не го насетуваше.
„Направив огромна грешка во детството, младоста. Не научив да зборувам англиски јазик. Сега се каам поради тоа. Имав можност, време, да го сторам тоа. Но ете, не го сторив. Многупати сум бил со неверојатни луѓе во непосредна близина, а ете таа јазична бариера ме спречувала за многу нешта. Искрено жалам поради тоа“ – рече Меси.

