Минути ги делеа од титулата, а потоа се случи хаос!(ВИДЕО)

10.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Минути ги делеа од титулата, а потоа се случи хаос!(ВИДЕО)
ФОТО:printscreen

Требаше да биде шампионско славје, требаше, ама ништо од тоа. Имено Славија Прага беше на прагот да ја освои шампионската титула во прашкото дерби против Спарта, но дојде до општ хаос. Благодарение на предноста во бодовите, на Славија ѝ беше потребна победа во саботното дерби против својот најголем ривал за математички да ја потврди титулата. Сè помина според планот за домаќините – тие водеа со 3:2 во судиското продолжение, а навивачите веќе славеа.

Сепак, околу четири минути пред крајот на судиското продолжение, навивачите на Славија втрчаа на теренот, што предизвика натпреварот да биде прекинат. Гостинскиот тим потоа одби да го продолжи натпреварот, а според извештаите на чешките медиуми, некои од играчите на Спарта веќе почнаа да се упатуваат кон клупскиот автобус. Телевизиските снимки, исто така, снимија напад врз голманот на Спарта, Суровчик, по што стана јасно дека нема услови натпреварот да продолжи. Претседателот на Славија, Јарослав Тврдик, потоа се појави пред навивачите и потврди дека натпреварот нема да продолжи.

Најголем срам“, изјави тој за OnePlay.

Иако најголемото чешко дерби на стадионот „Еден“ беше тензично, како што се очекуваше, инцидентите на крајот фрлија сенка врз целиот спортски настан. Одлуката за судбината на прекинатиот натпревар се очекува следната недела, но Славија сигурно ќе се соочи со сериозни санкции. Клубот би можел да биде казнет со парична казна, а му се заканува и затворање на стадионот поради пропусти во организацијата и однесувањето на навивачите. Според медиумите, Тврдик признал дека одговорноста е исклучиво на Славија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата