Вечерва на програмата се преостанатите девет меча од 7.коло во Лигата на Шампионите. Иако ќе нема класично дерби, сепак се очекува квалитетен фудбал како и секогаш кога станува збор за најелитното клупско натпреварување во светот.
Инаку сите сме во очекување на нова голеада на „страшниот“ Баерн Минхен ако се знае дека вечерва на „Алијанц Арената“ гостува Унион од Белгија. Еве шанса за Кејн и другарите за уште една висока и убедлива победа.
Барселона гостува во Прага кај Славија и секако дека ќе сака веднаш со уверлива победа да се рехабилитара по неделниот пораз во Ла Лига од Сосиедад.
Ливерпул му гостува на Марсеј, ова е крајно незгодно гостување за тимот на Арне Слот.
Во продолжение можете да ги видите сите девет двојки од вечерашната програма од 7.коло во Лигата на Шампионите.

