Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!
ФОТО: Real Madrid FC/X

Вести од Шпанија кои секако дека ќе го шокираат Флорентино Перез. Имено еден од играчите на кои клубот сериозно смета, размислува да си замине веќе во текот на следниот летен преоден рок.
Причината лежи во чувството дека ветувањата дадени кога пристигна во Мадрид не беа исполнети. Станува збор за Трент Александар – Арнолд, кој според достапните информации сака да го напушти Реал Мадрид веќе во текот на летото.
Комуникацијата помеѓу играчот и клубот значително се влошиле во последните недели. Наводно му беа презентирани јасни планови и улога во проектот, но реалноста на теренот многу брзо почна да се разликува од она што беше договорено.
Во последните месеци, незадоволството растеше, а довербата полека исчезна.
Играчот верува дека клучните точки од договорот се прекршени без никакво објаснување или обид за смирување на ситуацијата.
Затоа одлуката за заминување е сè поизвесна. Извори блиски до играчот тврдат дека тој повеќе не гледа долгорочна иднина на “Сантијаго Бернабеу“.
Летниот преоден рок е означен како идеално време за разделба. Иако официјалните понуди сè уште не се пристигнати, интересот е голем. Александер -Арнолд, според информациите од странските медиуми, е отворен за преселба во Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата