Лига на Нации: Косово го “торпедираше“ Кипар и тоа на негов терен!

9.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лига на Нации: Косово го “торпедираше“ Кипар и тоа на негов терен!

Неверојатен настап на селекцијата на Косово вечерва во Ларнака на Кипар, каде со неверојатни 0:4 просто ја “згази“ домашната селекција. Ведат Муричи и другарите едноставни блескаа. Токму Муричи во 9.минута од пенал и во 21. минута донесе 0:2, и потоа беше се полесно за гостинската екипа.

Следуваа уште два гола во второто полувреме на момците на селекторот Франко Фода, и тоа на Рахмани во 48. и Делова во 54.минута за конечни 0:4.

Оваа победа е од посебно значење зошто во првото коло во Ц-Лигата на Нации, репрезенрацијата на Косово дома загуби од Романија со 0:3. Исто така треба да се знае дека тројца, едни од најдобрите, беа исфрлени од селекцијата поради нарушување на дисциплината, и тоа Муриќ, Муслиу и Жегрова, но и покра се, селекцијата на Косово вечерва на Кипар блескаше, имаше шанси и за поубедлива победа над селекцијата која ја предводи грузиската легенда Темур Кецбаја.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата