Реал и Барса се молат за катастрофа на Сити – причината е само една!

28.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал и Барса се молат за катастрофа на Сити – причината е само една!
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона внимателно ја следат ситуацијата околу Манчестер Сити, верувајќи дека потенцијалната драстична казна за англискиот клуб би можела да им отвори врата да доведат играчи кои досега беа апсолутно недопирливи.
Ерлинг Халанд е во првите редови на желбите на двата клуба. Иако норвешкиот напаѓач потпиша долгорочен договор со „Граѓаните“ во јануари 2025 година, во кој нема посебна клаузула за испаѓање од лигата, тешко е да се очекува дека фудбалер од таков формат би се согласил да игра во Чемпионшип или во пониските редови на англискиот фудбал.

По заминувањето на Роберт Левандовски, Барселона остана без класична „деветка“. Иако Рафиња покажува фантастични настапи и бележи врвен голгетерски учинок од почетокот на сезоната, Каталонците не се откажаа од доведување на напаѓач од светска класа, особено откако нивните претходни обиди да го потпишат Хулијан Алварез не успеаја.
Од друга страна, Реал Мадрид веќе го има Килијан Мбапе, но првиот човек на тимот, Флорентино Перез, не се откажува од својата визија за создавање нови „Галактикоси“, во кои ги гледа Французинот и Халанд заедно како го предводат нападот. Покрај Шпанците, британските медиуми објавуваат дека ситуацијата околу Норвежанецот внимателно ја следат и Арсенал и Баерн Минхен. Сепак, интересот на Мадрид не завршува во Халанд. Раководството од „Сантијаго Бернабеу“ внимателно го следи и хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, како и група талентирани играчи во која се Ајуб Буади, Елиот Андерсон, Енцо Фернандес и Рајан Шерки. Сите тие претставуваат потенцијална цел за Реал доколку Сити претрпи строги санкции – или преку директно исклучување од елитните редови, или преку огромен дефицит во поени што би ги турнал во пониските редови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата