Куртоа: Знам како му е на Кински, мене Меси ми даде два гола меѓу нозе на еден меч

12.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куртоа: Знам како му е на Кински, мене Меси ми даде два гола меѓу нозе на еден меч

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, даде изјава околу ситуацијата со Антонин Кински, голманот на Тотенхем, кој што во рамките од осминафиналето во ЛШ, на дуелот против Атлетико Мадрид, имаше ужасна вечер, прими три гола за дваесетина минути и беше заменет од страна на менаџерот Тудор. Потоа, многу прашина се дигна околу тоа дали требало да биде заменет, зошто едноставно ги направи тие кардинални грешки, и како пољакот ќе се справи сиот тој притисок сега.

Токму поради сето ова, искусниот Куртоа му пратил приватна порака на Кински во која му дал целосна поддршка како далеку поискусен и со стотици мечеви во нозете, полни со грешки секако.

„Секако дека беше тешко да гледање. Му пратив веднаш приватна порака во која му дадов поддршка. Тоа што му се случи е тешко, многу тешко. Ментално треба да се издржи. И јас правев многу грешки, во Атлетико, во Челзи…. Меси ми даде два гола меѓу нозе, трпев многу критики. Си реков дека се е тоа дел од процесот на учење. Има талент и напорно работи. Кински е добар голман. Самиот факт што добил шанса го говори тоа. Да се биде голман е многу тешка позиција. Многу сме ранливи, воопшто не е лесно. Кога правите грешка тоа многу веројатно е гол“ – рече Куртоа.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата