Ханси Флик: “Воопшто не ми се допадна како игравме, ќе мора да поразговарам со играчите“!(ВИДЕО)

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик: “Воопшто не ми се допадна како игравме, ќе мора да поразговарам со играчите“!(ВИДЕО)
ФОТО: FC Barselona/FB

Барселона во еден многу контроверзен меч успеа со 0:3 да слави кај Мајорка во првиот меч во новата сезона. Велиме контроверзен зошто имаше и скандалозни судиски одлуки кои беа во корист на каталонскиот тим.

Инаку факт е дека четата на Ханси Флик не беше на своето ниво, а Германецот тоа по мечот и го призна:

Освоивме многу важни три бода, но искрено воопшто не сум задоволен од тоа како го одигравме овој натпревар. Премногу се опуштивме во второто полувреме а тоа не смее да ни се случува. Ќе мора да поразговарам со играчите“ посочи Флик.

Тој се осврна и на вториот гол на неговиот тим за кого јавноста жестоко изреагира:

Секогаш на моите играчи ги советувам да играат се додека не се слушне свирчето на судијата. Тие тоа го сторија во овој случај“.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата