На стартот на денешната програма во Премиер лигата, во рамките од првото коло од овогодинешниот шампионат, тимот на Нотингем го совлада Брендфорд со убедливи 3:1.
Домаќинот имаше супер прво полувреме во кое поведе со три гола разлика по што изходот на овој дуел веќе беше познат. На два пати Вуд и еднаш Ндоје му донесоа огромна и недостижна предност на домаќинот, за да во вториот дел, Тиаго на десетина минути до крајот на мечот ги постави конечните 3:1.
Од друга страна пак, светскиот клупски првак, тимот на Челзи одигра само 0:0 против тимот на Кристал Палас на домашен терен. И покрај иницијативата, и неколкуте ситуации пред противничкиот гол, домаќинот сепак, не успеа на стартот на сезоната да освои три бода.