Многу полемики, критики, и мислења во јавноста на Островот, предизвика конечниот список на селекторот Томас Тухел што се однесува до Мундијалот и репрезентацијата на Англија.
На него покрај на пример, Фил Фоден односно Хери Мегваер, го нема Трент Александер Арнолд играчот на Реал Мадрид, податок кој што буквално го покираше светот. Тухел смета дека тој во моментов не е репрезенаттивен капацитет и го изостави.
Тоа пак предизвика бура од реакции, пред се во стручната фела. Па така, на пример, прв се јави со свое мислење Кајл Вокер некогашниот репрезентативец на Англија.
„Нечуено е играч на Реал Мадрид да не биде во репрезентацијата на Англија. Сите зборуваат за тоа што Трент не прави добро. Но, ајде да зборуваме за тоа што прави тој! Тој е веројатно најдобриот десен бек во светот кога станува збор за додавања, центрирања и асистенции, а да не зборуваме за неговото искуство во големи натпревари. За него тоа што не е во репрезентацијата е целосна лудост“, категоричен беше англискиот ветеран.

