Јамал побрзо до 50 гола и од легендарниот Меси

1.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал побрзо до 50 гола и од легендарниот Меси
фото: FC Barcelona @FCBarcelona (X)

Ламин Јамал постигна два гола во победата на Барселона над Рајо Ваљекано со 5:2 синоќа и стигна до голем јубилеј во кариерата. 19-годишниот крилен напаѓач го постигна својот 50. гол во дресот на каталонскиот клуб, со што стана најмладиот фудбалер во историјата на Барселона на кого му успеало тоа.

Јамал до јубилејот стигна на само 19 години, две години порано од Лионел Меси кога Аргентинецот го постигна својот 50. гол за Барселона. Дополнително, голот против Рајо беше негов прв во последните девет натпревари за клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата