Последен ден за трансфери: До кога имаат право да купуваат најголемите?

1.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Последен ден за трансфери: До кога имаат право да купуваат најголемите?

Денес е последниот ден за трансфери во петте најсилни европски лиги, а клубовите ги очекува вистинска трка со времето за да ги завршат последните зделки. Во Италија и Германија преодниот рок се затвора во 20 часот, додека во Франција рокот истекува практично во ист термин – во 19:59 часот. Во Англија и Шпанија, пак, клубовите ќе имаат време до полноќ за регистрација на нови играчи.

Клубовите кои нема да успеат да ги завршат зделките денес ќе имаат уште неколку опции. Во Турција пазарот останува отворен до 4 септември, додека во Саудиска Арабија клубовите ќе можат да ангажираат играчи и до 12 октомври.

За европските гиганти, сепак, часовникот веќе отчукува. Последните часови од преодниот рок традиционално носат најголема неизвесност, бидејќи големите клубови често ги реализираат најважните зделки во самиот финиш.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата