Ирска со дебитантски повик за Миленик Али

29.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ирска со дебитантски повик за Миленик Али

Македонската фудбалска репрезентација денеска замина за Ирска, каде што во вторник во Даблин со почеток од 20:45 часот ќе го одигра пријателскиот меч против домашната селекција.

Македонија има некакви минимални измени во составот, но има и противникот. Па така, за овој дуел кој што нема резултатско значење, селекторот на Ирска, Хеимир Халгримсон, се одлучи премиерно да го повика играчот на Портсмут, на позајмица од Лутон, Миленик Али.

Напаѓачот кој што има 26 години за прв пат ќе се појави во А репрезентацијата на Ирска, а според информациите никогаш досега немал настап за националниот  тим ниту во младинските селекции.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата