Со одигрувањето на последните бараж натпревари доцна синоќа, комплетиран е списокот на сите 48 учесници на Мундијалот. Ирак ќе игра во финалната фаза од Светското првенство во 2026 година, откако синоќа ја победи репрезентацијата на Боливија (2:1) во финалето од меѓуконтиненталните плеј-оф натпревари за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Победничкиот гол го постигна 30-годишниот напаѓач Ајмен Хусеин во 58-та минута. Ирак ќе се појави на Светското првенство по вторпат во својата историја и за првпат од 1986 година, кога ги загуби сите три натпревари во групната фаза.
По ова се одредени сите учесници на Светското првенство. Претходно и ДР Конго обезбеди „виза“ за СП со победата над Јамајка со 1:0.
Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, Чешка.
Група Б: Канада, Босна и Херцеговина, Катар, Швајцарија .
Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска.
Група Д: САД, Парагвај, Австралија, Турција
Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор.
Група Ф: Холандија, Јапонија , Шведска, Тунис .
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд.
Група Х: Шпанија, Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај .
Група I: Франција, Сенегал, Ирак, Норвешка.
Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан .
Група К: Португалија, ДР Конго, Узбекистан, Колумбија.
Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама.

