Ибрахимовиќ: И Господ плаче поради мојата одлука!

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ибрахимовиќ: И Господ плаче поради мојата одлука!

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ доцна синоќа објави крај на својата играчка кариера, порачувајќи им на навивачите на Милан дека е време да се збогува со фудбалот.

Се веруваше дека 41-годишниот фудбалер ќе го напушти тимот на Милан по истекот на договорот и можеби ќе се пресели во Монца, но наместо тоа тој потврди дека засекогаш ќе ги закачи копачките.

По победата од 3:1 во негова чест се одржа посебна церемонија, играчите му направија почесен ѕид додека го напушташе теренот. Ибрахимовиќ се бореше да ги задржи солзите, пред да го земе микрофонот и да рече: „Дојде време да се збогувам со фудбалот, но не од вас“.

„Има многу спомени и емоции на овој стадион. Кога првпат дојдов ми пруживте среќа, вториот пат ми подаривте љубов. Сакам да му се заблагодарам на моето семејство… Сакам да му се заблагодарам и на другото семејство, играчите. Сакам да им се заблагодарам на тренерот и неговиот стручен штаб за одговорноста што ми ја дадоа, благодарам вам и на директорите за можноста“. 

Тој подоцна на прес-конференција откри дека никој не знаел дека ќе ја објави големата вест.

“Ниту моето семејство не знаеше, бидејќи сакав сите да го слушнат тоа во исто време. Се чувствував како зомби, не се шегував, не зборував. Пред само три месеци почувствував паника од идејата да пензија, но денес ја прифаќам и чувствувам дека е подготвена“, рече Ибрахимовиќ.

Тој им кажа на новинарите дека за време на неговиот говор по натпреварот, се обидувал да најде некој што не плаче додека гледа наоколу за да му помогне да најде сила да ги задржи солзите.

Ибрахимовиќ, секако, не ја пропушти можноста да се пошегува.

„Утрово кога се разбудив врне, си помислив дека дури и Господ плаче“, рече тој.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата