Реал Мадрид ќе мора да плати отштета за Чаби Алонсо!

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид ќе мора да плати отштета за Чаби Алонсо!

Официјално по завршување на сезоната во Бундеслигата, Чаби Алонсо ќе ја напушти тренерската клупа на Леверкузен. Тоа го објави самиот стратег, а тоа официјално го потврди и клубот. Се знае дека Чаби Алонсо ќе се пресели во Реал Мадрид, се чека само на официјална потврда од таборот на “кралевите“.

Сепак со оглед на тоа дека шпанскиот стратег има договор со Леверкузен до јуни 2026 година, според медиумите во Германија, првиот човек на Реал, Флорентино Перез ќе мора да плати отпштета. Истата изнесува меѓу 7 и 10 милиони евра, во зависност од тоа како ќе се договорат двата клуба.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата