Гранит Џака се враќа во Англија

22.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гранит Џака се враќа во Англија

Искусниот играч за врска, Гранит Џака се враќа во Англија. Тој не сака да го продолжи договорот со тимот на Баер Леверкузен каде што настапуваше досега, не се договори за трансфер во Милан, како што се најавуваше, и изненадувачки се враќа во Премиер лигата и ќе игра за Сандерленд.

Ова го потврди и неговиот агент Хосе Ногера.

„Постигнавме начелен договор со Сандерленд. Гранит сака да се врати во Премиер лигата. Сандерленд многу му се допадна и сака да го прифати тој предизвик. Се надевам дека со Баер ќе има пријателско разидување“ – рече Ногера.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата