Баерн и дефинитивно се откажа од Волтемаде!

23.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн и дефинитивно се откажа од Волтемаде!
ФОТО: FC Bayern Munich/fb

Се чини дека и Баерн Минхен не е тоа што беше, барем не за во Германија. Ако во минатото гигантот од Минхен кого и да го посакаше од останатите играчи успеваше да го донесе, сега веќе не е така.

Прво не успеа да ја добие битката со Ливерпул за Флоријан Вирц, а сега не успева да го донесе и напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде. Едноставно раководството на овој клуб не ја прифатија понудата на “баварците“, па така на Баерн Минхен му остана само и дефинитивно да се откаже од трката по овој напаѓач.

Се помалку опции имаат “бацарците“, јасно е дека веројатно со Луис Диас ќе завршат работа, но јасно е дека потребна е замена за повредениот Џамал Мусиала, како и на веќе заминатите Лирој Сане и Томас Милер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата