Некогашниот чувар на мрежата на Јувентус и Арсенал и репрезентативец на Австрија, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа. Како што јавуваат локалните медиуми во Салзбург, трагедијата се случила во овој град, а в клучена е железничката пруга. Деталите околу трагедијата наскоро ќе бидат познати.
Манингер е легендарен чувар на мрежата на Австрија кој имаше богата интернационална кариера.
Тој беше првиот австриец кој заиграл за Арсенал, а освои и титули со овој клуб. Играше и за Торино, Удинезе, Јувентус, РБ Салзбург…

