Го платија само 8,5 милиони евра а дури вчера сфатија каков “ѕвер“ имаат во нападот!(ВИДЕО)

17.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го платија само 8,5 милиони евра а дури вчера сфатија каков “ѕвер“ имаат во нападот!(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Барселона ги доведе Ентони Гордон и Карим Адејеми во претходниот дел од преодниот рок, а Родри и Жоао Кансело веќе се тука.
Но, покрај тие звучни засилувања, Деко и неговите соработници некако тивко го доведоа и 18-годишниот Џеси Бисиву, кој пристигна од Клуб Бриж за бројка од речиси девет милиони евра.
Тој е 18-годишник кој игра на левото крило, но може да игра и на десното крило доколку е потребно. Неговото доаѓање во Барселона изненади многумина и не беше јасно, но по вчерашниот пријателски натпревар против Базел, сè некако се кристализираше.
Барселона вчера го победи Базел со 5:2 во пријателски натпревар, а главна тема на фудбалската јавност е овој тинејџер кој доби шанса во самиот финиш од натпреварот и успеа да постигне два гола. Бисиву влезе во игра во 79-тата минута, а десет минути подоцна постигна одличен гол за 2:4 и покажа дека Барселона не го доведе без причина. Овој 18-годишник ги постави конечните 2:5 во втората минута од судиското продолжение по асистенција на Ламин Јамал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата