Јувентус посилен за Лукуми

17.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус посилен за Лукуми

За сума од 19.5 милиони евра, досегашниот дефанзивец на тимот на Болоња, колумбискиот репрезентативец Џон Лукуми, стана нов член на екипата на Јувентус.

Откако ги мина лекарските прегледи, Лукуми потпиша договор кој што е со времетраење до 2030 година.

„Фудбалскиот клуб Јувентус објавува дека е постигнат договор со Болоња ФК 1909 за дефинитивно стекнување на правата за регистрација на играчот Џон Ханер Лукуми Бонија за сума од 19,5 милиони евра, исплатлива во текот на три финансиски години, со дополнителни трошоци до 0,6 милиони евра“, се вели во соопштението на клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата