„Франс фудбал“ го бира најдобриот меѓу најдобрите

20.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Франс фудбал“ го бира најдобриот меѓу најдобрите

Најпрестижното спортско издание на светот „Франс фудбал“ одлучи на своите читатели да им пружи можност да одберат фудбалер освојувач на „Златната топка“ кој што оставил најголем впечаток во сезоната кога бил лауреат.

На оваа листа секако дека се наоѓаат најдобрите фудбалери во изминатите децении, а публиката ќе има можност да го избере најдобриот меѓу нив.

Лионел Меси има најмногу номинации, со рекордни осум награди. Кристијано Роналдо има пет, додека другите номинирани се Алфредо Ди Стефано, Јохан Кројф, Франц Бекенбауер, Кевин Киган, Карл-Хајнц Румениге, Мишел Платини, Марко ван Бастен и Роналдо Назарио. Сите тие ја имаат освоено Златната топка барем двапати.

Сличен настан по повод 30 години од постоењето на „Франс фудбал“ беше одбележан во 1989 година, а тогаш легендата на светскиот фудбал, Алфредо Ди Стефано доби награда „Златна супер топка“.

Според официјалниот Инстаграм профил на „Златната топка“, во моментот на објавување на информациите, Кристијано Роналдо води во гласањето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата