Тренерот на Барселона, Ханси Флик го информирал раководството на Каталонците дека Феран Торес нема да биде продаден за време на овој летен преоден рок.
Според „Мундо Депортиво“, германскиот тренер го смета шпанскиот напаѓач за важен елемент од неговиот проект и сака тој да продолжи да биде дел од тимот, и покрај наводниот интерес од Пари Сен Жермен.
Барселона исто така има намера да го обнови договорот на Торес по завршувањето на преодниот рок, поточно во септември. Со продолжувањето на договорот ќе се активира и задолжителната клаузула од осум милиони евра, износ што Каталонците мора да му го платат на Манчестер Сити.
Флик го гледа 26-годишникот како клучен играч во тимот, особено по заминувањето на Роберт Левандовски.

