ПСЖ, актуелниот шампион на Франција, изненадувачки загуби со 1:2 од Лион во 30-то коло на домашен терен. Победникот на домашното првенство и Лигата на шампионите ја искомплицира ситуацијата во одбраната титулата во француското првенство. Парижаните сега имаат само еден бод предност со натпревар помалку пред второпласираниот Ленс. ПСЖ и Ленс требаше да играат меѓусебно на 11 април, но натпреварот беше откажан еден месец подоцна.
По натпреварот, реакцијата на Луис Енрике на прашањето на новинарот „Имате само еден бод повеќе од Ленс, дали тоа е лоша вест?“ привлече најголемо внимание. Тренерот на ПСЖ иронично одговори: „Не знам, едноставно така е! Сакавте поконкурентна лига? Ја добивте. Го добивте она што го баравте. Ленс има многу добра сезона и ќе биде тешко до последниот натпревар“.
ПСЖ е убедливо најбогатиот клуб во Франција, во кој доминира откако е во сопственост на Катар. Во последните 13 години, тој беше шампион 11 пати, а ја освои титулата во последните четири сезони. Затоа многу фудбалски фанови во Франција изразуваат незадоволство од предвидливоста на лигата.

